тв-шоу форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

тв-шоу форум

Слободен форум за секоја возраст.Регистрирајте се за да доживеете голема забава.Благодариме на вниманието
 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Дидие Дрогба во договор за интер

Go down 
АвторПорака
StefanShooter
Администатор
Администатор
StefanShooter


Број на мислења : 46
Age : 26
Местолокација : Прилеп марино маало
Registration date : 2008-03-25

Дидие Дрогба во договор за интер Empty
ПишувањеПредмет: Дидие Дрогба во договор за интер   Дидие Дрогба во договор за интер Icon_minitimeПет Мар 28, 2008 1:54 pm

Дрогба од лето во Интер

Италијанските медиуми објавија сензационална информација, според која Дидие Дрогба по завршувањето на сезонава ќе се пресели во редовите на Интер.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не крие дека е несреќен во Челзи, особено по заминувањето на Жозе Мурињо, и веќе во неколку наврати објави дека планира да ги смени клупските бои во текот на летниот преоден рок.
Иако досега Дрогба најчесто беше поврзуван со трансфер во редовите на Милан, последните информации говорат дека Интер е клубот што се наоѓа во пол-позиција во трката по овој фудбалер. Имено, Масимо Морати е воодушевен од квалитетите на Дрогба и најавил дека нема да жали пари за да го доведе најдобриот стрелец на Челзи на „Џузепе Меаца“.
Весникот „Кориере дело спорт“ објави дека Морати веќе имал средба со агентот на Дрогба, на којашто биле договорени скоро сите детали од договорот што фудбалерот ќе го потпише со Интер. Токму поради ова Дрогба веќе им соопштил на своите најблиски пријатели дека својата кариера ќе ја продолжи во дресот на „нероаѕурите“, тим со којшто се надева дека ќе успее да дојде до многу посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Интер е подготвен да му плати на Челзи 23 милиони евра за услугите на Дрогба, сума што „сините“ потоа ќе ја искористат за ангажман на нов напаѓач (се шпекулира со имињата Давид Вилја и Марио Гомез).
Преселбата на Дрогба во Интер ги подгреа и шпекулациите дека Жозе Мурињо летово ќе се пресели на кормилото на италијанскиот првак. Мурињо и Дрогба имаа фантастична соработка во Челзи, и Масимо Морати се надева дека ќе успее да ги обедини и во Интер.Дидие Дрогба во договор за интер Drogba_abramovich
Вратете се на почетокот Go down
https://tv-show.macedonianforum.net
 
Дидие Дрогба во договор за интер
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
тв-шоу форум :: Спорт :: Фудбал-
Отиди до: